Во Италија во последните 24 часа починале 756 луѓе од КОВИД-19, што е најмала бројка во изминатите три дена и дури 133 помалку во споредба со вчера.
Со тоа, вкупната бројка починати во земјата порасна на 10.779.
Во Италија се потврдени и 5.217 нови случаи на коронавирус, што исто така е значително помалку во однос на вчера. Италија се ближи кон бројката од 100.000 заразени откако почна кризата и досега ги има 97.689.
„Очекуваме врвот на заразата да го достигнеме за една недела, најмногу десет дена“, кажа заменик министерот за здравство Пјерпаоло Силери.
Италијанските здравствени власти објавија дека досега се излекувани 13.030 луѓе, од кои 646 се нови.