СЕДУМГОДИШНАТА РУМЕСА ОЗДРАВЕНА ОД ЛЕУКЕМИЈА СИ ЗАМИНА ОД ДЕТСКАТА КЛИНИКА

    СЕДУМГОДИШНАТА РУМЕСА ОЗДРАВЕНА ОД ЛЕУКЕМИЈА СИ ЗАМИНА ОД ДЕТСКАТА КЛИНИКАОд Хематоонколошкиот оддел на Клиниката, кои го воделе лекувањето на малата Румеса, велат дека девојчето се лекувало околу 7-8 месеци, и дека на 33 ден од ремисијата веќе констатирале дека е излекувана од малигна болест. (Фото: Фејсбук на Детска клиника. Фотографиите се објавени со дозвола на родител)

    Седумгодишната Румеса од Косово денес си замина од Детската клиника во Скопје. Се лекуваше од акутна лимфобласна леукемија, го заврши интензивниот дел од терапискиот протокол и постигна комплетна ремисија што значи болеста се стави под контрола.

    „Во ова време кога сите стравуваме за своето и здравјето на децата, на нашите најблиски, не е сè така неизвесно и лошо. Денес се радуваме на една прекрасна херојка, има супер вест ! Нашата пациентка Румеса, здрава ја праќаме дома! Таа ја победи леукемијата и срамежливо заѕвони на нашето ѕвонче“, објави на Фејсбук Детската клиника.

    Од Хематоонколошкиот оддел на Клиниката, кои го воделе лекувањето на малата Румеса, велат дека девојчето се лекувало околу 7-8 месеци. Следи фаза на одржување која ќе се спроведува во домашни услови.

    „Станува збор за најчестата форма на леукемија кај децата, која за среќа е и со најдобра прогноза. Ние ги лекуваме децата според германски протокол, и тоа е терапија која во 80 отсто од случаите се покажува како успешна. Румеса добро го поднесе лекувањето со незначителни компликации. Следи уште една фаза во лекувањето која полесно се поднесува, велат за САКАМ ДА КАЖАМ.МК од тимот на Хематоонколошкиот оддел на Клиниката.

    Б. НЕСТОРОСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира