СВЕТОТ СЕ БЛИЖИ КОН БРОЈКАТА ОД МИЛИОН ЗАРАЗЕНИ, ТРАМП ОДБИВА ДА ПРОГЛАСИ НАЦИОНАЛЕН КАРАНТИН ВО САД

    СВЕТОТ СЕ БЛИЖИ КОН БРОЈКАТА ОД МИЛИОН ЗАРАЗЕНИ, ТРАМП ОДБИВА ДА ПРОГЛАСИ НАЦИОНАЛЕН КАРАНТИН ВО САДСАД ја надминаа бројката од 200.000 заразени и 5.000 починати (Фото: АП)

    Светската здравствена организација изрази загриженост од брзото ширење на коронавирусот, додека светот се ближи кон бројката од еден милион заразени.

    „Се движиме кон границата од еден милион откако речиси експоненцијалниот раст ја удвои бројката на заразени во минатата недела. Коронавирусот допре до речиси сите држави и територии на светот. Како што влеговме во четвртиот месец од појавата на коронавирусот, длабоко сум загрижен од брзата ескалација на глобалното ширење на заразата. Многу брзо ќе стигнеме и до бројката од 50.000 починати“, изјави шефот на СЗО, Тедрос Адханом Гебрејесус.

    Ова следува откако САД ја надминаа бројката од 200.000 заразени и 5.000 починати, при што најмлада жртва е шестмесечно бебе. Во последните 24 часа, во земјата се регистрирани над 25.000 новозаразени и 884 починати, што е нов рекорд за земјата. Најтешко погоден е Њујорк, каде што има над 1.300 починати.

    И покрај тоа, Доналд Трамп засега не планира да прогласи национален карантин, препуштајќи им ја одлуката на гувернерите на сојузните држави. Тој кажа дека федералните резерви на лична заштитна опрема се речиси при крај.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира