ОД КОРОНАВИРУС ЗАБОЛЕН ВРАБОТЕН ОД „ГЕНТЕРМ“ ВО ПРИЛЕП, В ПОНЕДЕЛНИК ПРИВРЕМЕНО СЕ ЗАТВОРА ФАБРИКАТА

    ОД КОРОНАВИРУС ЗАБОЛЕН ВРАБОТЕН ОД „ГЕНТЕРМ“ ВО ПРИЛЕП, В ПОНЕДЕЛНИК ПРИВРЕМЕНО СЕ ЗАТВОРА ФАБРИКАТАВо фабриката „Гентерм“ во Прилеп позитивен на коронавирус е вработен во администрацијата. (Фото: Гентерм)

    Еден од вработените административци во фабриката „Гентерм“ во Прилеп е позитивен на коронавирус, а од понеделник фабриката привремено ќе се затвори, соопштија од Општина Прилеп. Од Општината соопштија и дека еден од лекарите на Инфективното одделение при Прилепската болница е заразен, а друг лекар е во самоизолација.

    Од понеделник, Инфективното одделение ќе функционира согласно Оперативниот план за работа во услови на пандемија и ќе се утврди дали е потребен дополнителен ангажман на медицински персонал од други одделенија.

    „Досега од коронавирус се инфицирани три лица од здравствените институции во градот, вклучувајќи го и лекарот од Психијатриската болница во Демир Хисар”, се вели во соопштението.

    На инфективното одделение при прилепската општа болница „Борка Талески“ се три лица заразени од коронавирс и сите се со среднотешка клиничка слика.

    До вчера во Прилеп имаше 22 заразени од КОВИД-19.

    Ж. ЗДРАВКОВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира