Oд Кризниот штаб за спречување на ширење на КОВИД19 на Општина Тетово информираат дека денес во Тетово и околните општини се рагистирани 12 нови случаи инфицирани лица со КОВИД19. Меѓу ние е и едно лице од Радовиш кое е повратник од странство и како мерка на претпазливост е сместено во карантин во еден од хотелите на Попова Шапка.
Во хотелите„Арена Тетекс“, „Попова Шапка“ и „Славија“ на Попова Шапка сместени се вкупно 210 лица. Овие капацитети имаат и медицински екипи од Клиничката болница во Тетово за да ја следат состојбата на згрижените лица, храната се сервира навреме, дезинфекцијата се прави според планот, а отпадот се собира од страна на ЈКП Тетово според посебни правила за карантин.
Бројот на заразени лица во Општина Тетово и околните општини од тетовскиот регион порасна на 29 лица. Најмногу заболени има во Општина Тетово 16, 5 се во општина Теарце, 4 во општина Брвеница, 2 во општина Боговиње (од кои едно почина) и едно лице е заразено во општина Желино.
Според општинскиот кризен штаб, Клиничката болница во Тетово е целосно подготвена и со опрема и со здравствени средства во случај на поголемо ширење на коронавирусот во периодот кој следи.
Бројот на лица со одлука за изолација во општина Тетово е 13, додека 121 лице се со одлука за здравствен надзор, информираат од Кризниот штаб на Општина Тетово.
ЗОРАН АНДОНОВ