Мајката на Елизабета Ѓоргиевска, сопруга на претседателот Стево Пендаровски, почина денеска на Клиниката за пулмологија. Од кабинетот на шефот на државата велат дека 71-годишната мајка била хоспитализирана без симптоми на коронавирус, но откако починала, сепак ѝ е земен тест за проверка.
„Мајката на сопругата на претседателот Елизабета Ѓоргиевска немала симптоми на коронавирус кога била примена на Клиниката за пулмологија, но веќе една година имала значително влошена општа здравствена состојба. Оној момент кога ќе се знаат резултатите од тестот, а тоа ќе биде најверојатно утре, Кабинетот ќе ја информира јавноста“, ни изјавија од кабинетот на претседателот Стево Пендаровски.
С. К. ДЕЛЕВСКА