Од Агенцијата за храна и ветерина бараат апаратите за кафе кои се поставени на јавна површина да се стават вон употреба, а фирмите да не користат апарати за вода. Од таму објаснуваат дека со овие апарати имаат контакт голем број луѓе и со тоа преку допир постои можност од ширење на коронавирусот.
„Во услови на прогласена пандемија со корона вирусот и можноста од пренесување на заразата преку контакт, исклучувањето на употребата на апаратите за автоматска подготовка на кафе и апаратите за вода претставува елиминирање на една од можностите за контактно пренесување на вирусот од едно на друго лице. Препораката се однесува сите останати субјекти и компании кои користат вакви апарати и каде пристап и контакт со нив имаат поголема група на луѓе“, се вели во соопштението од Агенцијата за храна и ветеринарство.