Британскиот премиер Борис Џонсон не е приклучен на респиратор, но му се даваше кислородна поддршка, објавија од владиниот кабинет.
Педесет и петгодишниот Џонсон ја помина ноќта на одделот за интензивна нега во лондонската болница „Сент Томас“ откако синоќа му се влошиле симптомите на коронавирусот.
„Тој е свесен и не е на респиратор, но му се даваше дополнителен кислород. Неговата состојба будно се следи и добива извонредна грижа“, изјавија од владата.
Џонсон на 27 март објави дека имал позитивен тест, што по неколку дена беше потврдено и за неговата трудна свршеница Кери Симондс. Бројни светски лидери, вклучувајќи ги Доналд Трамп и Емануел Макрон, му испратија пораки на поддршка на Џонсон.
„Сите Американци се молат за брзо заздравување на Џонсон. Тој е добар пријател на нашата нација и знам дека е силен и не се предава“, изјави Трамп.
Џонсон продолжи да раководи со владата додека беше во самоизолација, а сега неговите обврски привремено ќе ги преземе министерот за надворешни работи Доминик Раб.