Данска е прва држава во Европа која ќе ги отвори градинките и основните училишта, во постепено олеснување на карантинот во земјата.
Премиерката Мете Фредериксен изјави дека во прв момент училиштата ќе се отворат само за учениците до 11 години, што се планира на 15 април.
„Ова е прва, внимателна фаза од повторното отворање на Данска. Тоа значи дека бројката заразени е стабилна, не само оваа недела, туку подолго време. Ако бројката се зголеми до Велигден, нема повторно да ги отвориме училиштата. Во секој случај, ќе има дистанца меѓу учениците“, изјави Фредериксен.
Таа додаде дека рестораните и кафулињата остануваат затворени најмалку до 10 мај, исто како и црквите, библиотеките, трговските центри и спортските сали.
И Норвешка, чија влада вчера кажа дека го има ставено коронавирусот под контрола, размислува повторно да ги отвори училиштата и други институции.