НЕМА КОРОНАВИРУС МАЈКАТА НА ЗАБОЛЕНОТО ЧЕТИРИМЕСЕЧНО БЕБЕ ОД КОЧАНИ, СЕ ЧЕКА РЕЗУЛТАТ ЗА ТАТКОТО

    НЕМА КОРОНАВИРУС МАЈКАТА НА ЗАБОЛЕНОТО ЧЕТИРИМЕСЕЧНО БЕБЕ ОД КОЧАНИ, СЕ ЧЕКА РЕЗУЛТАТ ЗА ТАТКОТОМинистерот за здравство Венко Филипче на попладневната прес-конференција кажа дека на Клиниката се хоспитализирани мајка и четиримесечно бебе од Кочани и дека се со стабилна клиничка слика. (Фото: К. Попов)

    Мајката на четиримесечното бебе од Кочани кое е позитивно на коронавирусот е тестирана на 8 април и нејзиниот резултат е негативен на вирусот, соопшти вечерва Министерството за здравство. Таа е е хоспитализирана заедно со своето бебе на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје.

    Според информациите добиени од Институтот за јавно здравје, четиримесечното бебе од Кочани беше тестирано на КОВИД-19 на 6 април, а резулатите биле готови следниот ден. Се чекаат резулатите за таткото, кој е тестиран на 8 април.

    Министерот за здравство Венко Филипче на попладневната прес-конференција кажа дека на Клиниката се хоспитализирани мајка и четиримесечно бебе од Кочани и дека се со стабилна клиничка слика. Секојдневно се следат од педијатар, бебето има лесна форма на анемија, но е во добра состојба и нема потреба од респиратор и наредните месеци ќе се следи неговиот имунонолошки систем.

    Б. НЕСТОРОСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира