БЕКЕНБАУЕР ПОД ИСТРАГА ЗА КОРУПЦИЈА, ПРЕТРЕС ВО ДОМОТ НА ФУДБАЛСКАТА ЛЕГЕНДА ВО АВСТРИЈА

a:1:{s:9:"td_source";s:28:"Цирих,(Би-Би-Си)

    БЕКЕНБАУЕР ПОД ИСТРАГА ЗА КОРУПЦИЈА, ПРЕТРЕС ВО ДОМОТ НА ФУДБАЛСКАТА ЛЕГЕНДА ВО АВСТРИЈА

    Швајцарското обвинителство отвори кривична истрага за германската фудбалска легенда Франц Бекенбауер и тројца други во врска со германската кандидатура за Светското првенство во 2006 година.
    Како членови на организацискиот комитет турнирот во Германија, четворицата се осомничени за измама, перење пари, намерно лошо раководење и проневера. Дел од делата за кои се сомничат биле извршени на територија на Швајцарија.
    Бекенбауер, кој ја предводеше кандидатурата на Германија, претходно негираше каков било вид на корупција во постапката.
    Денеска биле извршени претреси на осум локации  во соработка со австриските и германските служби, рече обвинителството. Домот на Бекенбауер во Австрија бил една од претресените локации, објави „Асошиетед прес“.
    Обвинителството додаде дека исто така биле викнати на распит неколкумина осомничени. Швајцарската истрага се концентрира на тоа како биле искористени 7 милиони евра што подоцна беа намалени на 6,7 милиони евра за кои е наведено дека биле издвоени за гала-настан.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира