ПОТВРДЕНИ НОВИ 49 СЛУЧАИ НА КОРОНАВИРУС ВО ЗЕМЈАВА, ПОЧИНАА ДВАЈЦА

    ПОТВРДЕНИ НОВИ 49 СЛУЧАИ НА КОРОНАВИРУС ВО ЗЕМЈАВА, ПОЧИНАА ДВАЈЦАВо земјава има полициски час од вчера од 16 часот, до понеделник до 5 часот. (Фото:К. Попов )

    Во изминатите 24 часа се регистрирани 49 нови случаи на КОВИД-19 во земјава, а починаа двајца пациенти од Куманово и од Прилеп, соопшти Министерството за здравство.  По градови, новите случаи се од:

    – Скопје 13
    – Куманово 14
    – Штип 6
    – Прилеп 8
    – Велес 6
    – Гостивар 1
    – Кочани 1.

    Вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со коронавирус во нашата земја изнесува 760 лица. Во изминатото деноноќие направени се 586 теста, а досега во земјата се направени 7.653 тестирања на КОВИД-19. Досега се излечени 41 пациент, 34 починаа, а активни се 685.

    Во изминатото деноноќие на Клиниката за инфективни болести се примени 3 пациенти, а во моментов се хоспитализирани вкупно 68, од кои 15 се на кислородна поддршка и 8 на механичка вентилација.

    Во Градската општа болница „8 Септември“ се примени 8 нови пациенти, а вкупно се хоспитализирани 28 потврдени и сомнителни на коронавирус. Од нив, 9 се со потешка клиничка слика, а 6 пациенти се на респираторна машина.

    Во болницата во Битола се хоспитализирани вкупно 5 пациенти, еден пациент повремено на кислородна поддршка, а другите стабилни. На домашно лекување преку оваа болница се следат 7 пациенти кои се во добра општа состојба.

    Во болницата во Штип се хоспитализирани вкупно 13 пациенти потврдени и сомнителни на коронавирус, а уште 13 се следат на домашно лекување. Освен една пациентка кај која има влошување на состојбата, сите останати пациенти се стабилни, велат од министерството.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира