ЕДЕН УБИЕН, ДВАЈЦА РАНЕТИ ВО ПРЕСМЕТКА МЕЃУ ДИЛЕРИ НА ДРОГА ВО МАЛА РЕЧИЦА

a:2:{s:16:"td_post_template";s:22:"single_template_civica";s:9:"td_source";s:53:"МалаРечица(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ЕДЕН УБИЕН, ДВАЈЦА РАНЕТИ ВО ПРЕСМЕТКА МЕЃУ ДИЛЕРИ НА ДРОГА ВО МАЛА РЕЧИЦА

    Еден убиен и двајца ранети е епилогот на ноќешната вооружена пресметка во Мала Речица, тетовско, за која жителите велат дека е меѓу дилери на дрога и бараат заштита од полицијата. Полицијата потврди дека трага по убијците, кои сѐ уште се во бекство, а според првични сознанија, станува збор за лица кои од порано ѝ се познати како сторители на разни кривични дела.

    “Тоа е пресметка помеѓу дилери на дрога. Многу се намножија во нашиов крај. Верувајте, секој ден се плашиме за нашите деца. Сега се тепаат помеѓу себе, утре кој знае што ќе направат“,  70-годишниот Реџеп го коментира синоќешниот вооружен инцидент, кој се случи во непосредна близина на чајџилницата каде беше седнат со своите пријатели. И тие се загрижени за зголемениот обем на криминалот и сѐ поголемото присуство на дрога во Мала Речица.

    “Власта мора поенергично да дејствува“, едногласни се тие во барањето.

    Според информации од СВР Тетово и Јавно обвинителство од Тетово, ноќеска околу 23.15 на улица 188 во Мала Речица дошло до вербална расправија помеѓу Х. M. (37), кој бил со своите пријатели М. Х. (34) и Х. К. (39) од Мала Речица и А. Б. (33) и Б. М. (30) од Тетово. Расправијата набрзо прераснала во тепачка во која А. Б. од чанта извадил автоматски пиштол марка „шкорпион“  и почнал рафално да пука. Во пукотницата, Х. М. бил застрелан со две прострелни рани во главата и телото и починал на местото на инцидентот. Двајцата негови другари биле ранети во нозете. Веднаш потоа напаѓачите побегнале. Ранетите М.Х. и Х.К. биле донесени во тетовската клиничка болница од каде, поради сериозноста на повредите, се префрлени на Клинички центар во Скопје. Полицијата и Јавното обвинителство од Тетово извршиле увид и пронашла траги и материјали кои се дадени за вештачење, а по налог на Јавниот обвинител телото на убиениот е предадено за обдукција.

    З. Андонов

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира