МИНИСТЕРОТ ЗА ЗДРАВСТВО ФИЛИПЧЕ ВО ИЗОЛАЦИЈА ПО ПОЗИТИВНИОТ ТЕСТ НА КУМАНОВСКИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК

    МИНИСТЕРОТ ЗА ЗДРАВСТВО ФИЛИПЧЕ ВО ИЗОЛАЦИЈА ПО ПОЗИТИВНИОТ ТЕСТ НА КУМАНОВСКИОТ ГРАДОНАЧАЛНИКПрес-конференциите на министерот Филипче отсега ќе се одвиваат преку достапните онлајн платформи за оваа намена. (Фото: Фејсбук)

    Министерот за здраство Венко Филипче од денеска ќе биде во домашна самоизолација, соопшти Министерството за здравство. Ова следи по информацијата дека градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски кој вчера одржа состанок на кризниот штаб на Куманово на кој присуствуваше и Филипче, е позитивен на КОВИД-19.

    „За време на состанокот, министерот Филипче ги почитуваше сите протоколи за заштита и носеше соодветна заштитна опрема, исто како и останатите присутни. Во текот на денот епидемиолозите од Институтот за јавно здравје ќе направат епидемиолошки анкети со министерот Филипче и со сите други функционери во Владата кои вчера беа присутни на состанокот. До добивање на епидемиолошка проценка на ризикот и насоки за понатамошно постапување Филипче ќе остане во изолација“, стои во соопштението.

    Од Министерството за здравство велат дека непречено ќе продолжи комуникацијата со министерот Филипче и со Комисијата за заразни болести.

    „Како и досега, Министерството за здравство редовно и навремено ќе информира за состојбата со коронавирусот во земјата, а прес-конференциите на министерот Филипче ќе се одвиваат преку достапните онлајн платформи за оваа намена. Во текот на денот ќе се воспостави техничка можност за ова за да нема застој во информирањето“, велат од неговиот кабинет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира