ГЕРМАНИЈА ГО СТАВИ КОРОНАВИРУСОТ ПОД КОНТРОЛА, ОБЈАВИЈА ОД ВЛАДАТА

    ГЕРМАНИЈА ГО СТАВИ КОРОНАВИРУСОТ ПОД КОНТРОЛА, ОБЈАВИЈА ОД ВЛАДАТАГерманија е фалена поради нејзиниот агресивен пристап кон тестирањето (Фото: ДПА)

    Министерот за здравство на Германија Јенс Шпан изјави дека ширењето на коронавирусот во земјата е ставено под контрола благодарение на рестриктивните мерки.

    „Бројот на нови случаи на зараза опадна значително, особено ако ги гледаме бројките од ден за ден“, кажа Шпан.

    Според здравствените власти, стапката на зараза паднала до толку што сега десет носители на вирусот можат да го пренесат на само седум луѓе. Во почетокот на март, овие десет носители би заразиле 30 луѓе.

    Во последните 24 часа, во Германија има 3.380 новозаразени, со што вкупната бројка порасна на 133.830, од кои повеќе од половина веќе заздравиле. Починале 3.868 пациенти, од кои околу 300 се нови.

    Релативниот успех на земјата во справувањето со епидемијата најмногу се должи на широкиот обем на тестирање. Ангела Меркел веќе најави постепено олеснување на ограничувањата.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира