ПРОТЕСТИ ВО АМЕРИКА ПРОТИВ МЕРКИТЕ ЗА ЗАШТИТА ОД КОРОНАВИРУСОТ, ТРАМП ГИ ПОДДРЖА

    ПРОТЕСТИ ВО АМЕРИКА ПРОТИВ МЕРКИТЕ ЗА ЗАШТИТА ОД КОРОНАВИРУСОТ, ТРАМП ГИ ПОДДРЖАДемонстрантите велат дека строгите мерки им штетат на граѓаните, но здравствените работници предупредуваат дека нивното укинување може да ја рашири заразата. (Фото: Гети)

    Илјадници демонстранти во автомобили и пешки ги игнорираа наредбите за седење дома на американската држава Мичиген и побараа тие да бидат повлечени.

    „Време е нашата држава да се отвори“, кажа една од демонстрантите во нејзиниот автомобил.

    „Не се издржува веќе да не можеме да ги купиме работите што ни се потребни, да одиме на фризер. Време е да се отвори државата“, додаде таа.

    Гувернерката Гречен Витмер, која е од Демократската партија, беше критикувана од вооружените демонстранти, кои го поддржуваат претседателот Доналд Трамп. Витмер им одговори на демонстрантите дека ја разбира нивната фрустрација, но кажа дека тажна иронија е што протестите можат да придонесат за дополнително ширење на вирусот. Досега, 1.900 жители на Мичиген починаа од коронавирусот.

    Трамп, пак, изгледа дека ги поддржува протестите против строгите мерки. Во серија твитови, тој напиша: „Ослободете ја Минесота“, „Ослободете го Мичиген“ и „Ослободете ја Вирџинија“.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира