КИНА ГИ ПРЕДУПРЕДИ СВОИТЕ ДРЖАВЈАНИ ВО РУСИЈА ДА НЕ СЕ ВРАЌААТ ДОМА ЗА ДА НЕ ГО ДОНЕСАТ КОРОНАВИРУСОТ

    КИНА ГИ ПРЕДУПРЕДИ СВОИТЕ ДРЖАВЈАНИ ВО РУСИЈА ДА НЕ СЕ ВРАЌААТ ДОМА ЗА ДА НЕ ГО ДОНЕСАТ КОРОНАВИРУСОТВо Русија досега се регистрирани 47.121 случаи на коронавирус и 405 починати. - Аеродром во Москва (Фото: ТАСС)

    Кинеските власти остро ги предупредија своите државјани кои престојуваат во Русија да не се враќаат во татковината: „Останете во Русија, а ако веќе сте се вратиле, немојте да лажете за вашите патувања или симптоми“

    Предупредувањата од властите доаѓаат откако месецов беа регистрирани повеќе од 100 случаи на коронавирус кај кинески граѓани кои се вратиле од Русија. Кина се обидува да ги спречи увезените случаи на коронавирус, кои можат повторно да ја рашират болеста во земјата.

    Кинескиот амбасадор во Русија Жанг Ханхуи кажа дека „враќањето на вирусот е за морална осуда“. Тој вели дека тие што се вратиле лажат дека биле принудени да си заминат од Русија, бидејќи тамошните власти направиле да биде невозможно да се остане.

    „Таквото однесување е одвратно“, рече амбасадорот и ги обвините граѓаните кои се враќаат од Русија во Кина дека ги нарушуваат односите меѓу двете земји.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира