Германски фудбалски петтолигаш пронајде начин како да одржи во форма дел од своите играчи додека сезоната е во прекин – на градилиште.
Од почетокот на април, тројца фудбалери на Донауштат уриваат ѕидови и отстрануваат шут во Лајпциг, за што добиваат минимална плата од 12,55 евра на час. Саша Дијакизе, Кевин Рабис и Абулаи Дабо ја прифатиле необичната понуда на газдата на клубот Матијас Клеменс, кој поседува компанија за одржување и реновирање на споменици.
„Ова е нешто ново во мојот живот. Ова е чист тренинг“, кажа Австриецот Дијакизе.
Тој и неговите соиграчи од Естонија и Гвинеја Бисау ќе можат да го напуштат градилиштето веднаш штом се создадат услови да се вратат на тренинг во клубот.