ПУШАЧИТЕ ИМААТ ПОМАЛ РИЗИК ДА СЕ ЗАРАЗАТ СО КОРОНАВИРУС, ПОКАЖА ФРАНЦУСКО ИСТРАЖУВАЊЕ

    ПУШАЧИТЕ ИМААТ ПОМАЛ РИЗИК ДА СЕ ЗАРАЗАТ СО КОРОНАВИРУС, ПОКАЖА ФРАНЦУСКО ИСТРАЖУВАЊЕИако никотинот може да штити од вирусот, пушачите кои се заразиле често развиваат посериозни симптоми, велат истражувачите (Фото: Гети)

    Француски истражувачи планираат да тестираат никотински лепенки на пациенти со коронавирус и на здравствени работници откако едно истражување покажа дека пушачите имаат помал ризик да се заразат со коронавирусот.

    Истражувањето што го спровела голема париска болница сугерира дека некоја состојка од тутунот, веројатно никотинот, можеби спречува пациенти кои пушат да добијат КОВИД-19.

    Сепак, истражувачите потенцираат дека тие не ги охрабруваат луѓето да почнат да пушат. Иако никотинот може да штити од вирусот, пушачите кои се заразиле често развиваат посериозни симптоми поради отровните ефекти на чадот од цигарата врз белите дробови.

    Тимот од болницата испитал 480 луѓе кои имале позитивен тест на коронавирус, од кои 350 биле хоспитализирани. Од оние кои биле примени во болница, чија просечна возраст била 65 години, само 4,4% биле редовни пушачи. Со ова се потврдува резултатот на едно кинеско истражување од март, кое покажа дека само 12,6% од испитаните 1.000 пациенти со коронавирус биле пушачи.

    Податоците од париските болници кажуваат дека од 11.000 хоспитализирани пациенти со КОВИД-19 само 8,5 биле пушачи.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира