Грција ќе почне да ги олеснува рестриктивните мерки воведени поради коронавирусот, најави премиерот Кирјакос Мицотакис.
Се очекува враќањето во нормален живот да почне на 4 мај, кога прво повторно ќе бидат отворени помали продавници, берберници и фризерски и козметички салони.
„Отворањето на берберници и фризерски салони се сфаќа како неопходен психолошки поттик откако земјата помина во карантин речиси два месеца. На луѓето не може само да им се наредува, на нив им треба и психолошка поддршка“, изјавија од владата.
Грција ги затвори образовните институции уште на 10 март, а после неколку дена и сите ресторани, кафулиња, трговски центри, музеи и продавници.
Во земјата досега има 2.490 потврдени случаи на коронавирус, како и 130 починати.