Британскиот премиер Борис Џонсон ќе се врати на работа утре откако оздравел од коронавирусот, кажаа од владата.
Џонсон претходно ќе има тричасовен состанок со министерот за надворешни работи Доминик Раб, кој ги извршуваше неговите обврски додека тој беше отсутен. Педесет и петгодишниот Џонсон беше отпуштен од болница на 12 април и оттогаш се рехабилитираше во премиерската резиденција надвор од Лондон.
Тој помина една недела во болницата „Сент Томас“ во Лондон и притоа три дена беше на интензивна нега откако му се влошиле симптомите на коронавирусот.
„Џонсон е подготвен в понеделник да се врати во улицата Даунинг“, изјави извор од владата.
Велика Британија вчера ја надмина границата од 20.000 починати од КОВИД-19 и иако експертите сметаат дека најлошото поминало, стапката на смртност уште некое време ќе расте. Бројката од 20.319 мртви ги вклучува само оние кои починале во болници, па затоа се верува дека таа е многу повисока.