ГЕВГЕЛИЈА ЌЕ ГРАДИ НОВ ВОДОВОД ПОРАДИ ПОТРЕБА ОД НОВИ КОЛИЧЕСТВА ВОДА

a:2:{s:16:"td_post_template";s:22:"single_template_civica";s:9:"td_source";s:51:"Гевгелија,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ГЕВГЕЛИЈА ЌЕ ГРАДИ НОВ ВОДОВОД ПОРАДИ ПОТРЕБА ОД НОВИ КОЛИЧЕСТВА ВОДА

    Општина Гевгелија со заем на Светска банка и грант од ИПА програмата ќе гради нов водоснабдителен систем за градот и за населените места. Планирани се изградба на два нови бунари кај реката Вардар, потисен цевковод и резервоар на Мрзенски рид. Според општинските власти целиот проект ќе чини 105,3 милиони денари од кои 70 милиони се обезбедени од Светска Банка, а 260 илјади евра се грант од европските ИПА фондови.
    Од здружението „Арсена“, кое со години тврди дека водата од сегашниот систем е небезбедна за пиење поради високо ниво на арсен, сметаат дека ова е обид на локалните власти да ги придобијат гласачите во пресрет на престојните предвремени парламентарни избори
    „Ова е четврта по ред медиумска објава за копање нови бунари за водоснабдување. Зошто досега општината не го спроведе првиот тендер од 2014 година, зошто не се реализира најавата на поранешниот министер за финансии Ставревски. Општината во јуни најави оглас за јавна набавка на два бунари и пак ништо. Зошто на општината и треба четврта медиумска објава за ископ на нови бунари. Новиот оглас за копање нови два бунари кај Вардар за нас е признание на општината дека има арсен во водата, проблем што тие упорно го игнорираа откако Агенцијата за храна и ветеринарство во 2012 година изрече забрана за употреба на водата од бунарите кај Моин“, информираа од здружението „Арсена“.
    Од општина Гевгелија, како што пренесоа дел од медиумите, изјавија дека тендерот што е објавен е во функција на подобрување на водоснабдувањето на градот, бидејќи последниве години се чуствувало недостиг од дополнителни количества.
    Првиот човек на општината Иван Франгов пред месец дена за САКАМДАКАЖАМ.МК подвлече дека водата од гевгелискиот водовод е здрава и безбедна за пиење, а проблем била категоризацијата на арсенот оти македонските надлежни институции не можеле да го разграничат опасниот тривалентен од неопасниот петвалентен кој го има во гевгелиската вода. Тој тогаш го најави тендерот за нов водоснабдителен систем при што кажа:
    „Сакаме да докажеме и со документи дека водата е здрава за пиење. Ние испративме примероци во лабаратории во соседна Србија од каде добимве одговори дека водата ги задоволува стандардите за безбедност“, кажа тогаш Франгов кој не одговори на нашите повици за распишаниот тендер.
    „Арсена“ во јули годинава објави анализа од грчкиот универзитет „Аристотел“ од Солун, според која во гевгелиската вода има 21,3 микрограми арсен на еден литар вода, иако дозволениот минимум е 10 микрограми.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира