ЈП „БИЛЈАНИНИ ИЗВОРИ” ГО ПРЕЗЕДЕ СТУДЕНЧИШКИОТ КАНАЛ КАДЕ СЕ ЗАКОТВУВААТ ПЛОВНИ ОБЈЕКТИ

    ЈП „БИЛЈАНИНИ ИЗВОРИ” ГО ПРЕЗЕДЕ СТУДЕНЧИШКИОТ КАНАЛ КАДЕ СЕ ЗАКОТВУВААТ ПЛОВНИ ОБЈЕКТИДиректорката на „Билјанини Извори" Гордана Јованоска вели дека ова е времена одлука (Фото: СДК.МК)

    Јавното претпријатие „Билјанини Извори” го презеде на времено користење, стопанисување и одржување градежното земјиште наменето за закотвување на пловни објекти кое се наоѓа на Студенчишта.

    „Јавното претпријатие ‘Билјанини Извори‘ ги повикува сите досегашни корисници на споменатиот недвижен имот да се обратат до нашата дирекција на телефон 078/355-291 за натамошно регулирање на правниот статус на досегашните непосредни корисници-сопственици на пловни објекти”, вели директорката Гордана Јованоска.

    Одлуката ја донесе Советот на Општина Охрид на седницата одржана на 31 јануари 2020.

    Д. ЧУБРИЌ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира