НОВИОТ КОРОНАВИРУС НЕ Е ВЕШТАЧКИ НАПРАВЕН, ВЕЛАТ АМЕРИКАНСКИТЕ РАЗУЗНАВАЧИ

    НОВИОТ КОРОНАВИРУС НЕ Е ВЕШТАЧКИ НАПРАВЕН, ВЕЛАТ АМЕРИКАНСКИТЕ РАЗУЗНАВАЧИНад 3,3 милиони луѓе се заразиле со коронавирусот, но една третина оздравеле (Фото: Ројтерс)

    Американската разузнавачка заедница заклучила дека коронавирусот што ја предизвикува болеста КОВИД-19 не е вештачки направен, ниту генетски модифициран, но и натаму испитува дали ширењето произлегло од кинеска лабораторија.

    „Разузнавачката заедница со широк научен консензус заклучи дека новиот коронавирус не е вештачки напревен, ниту генетски модифициран“, соопшти канцеларијата на директорот на Националното разузнавање, кое покрива 17 американски разузнавачки тела.

    Оттаму додаваат дека агенциите ќе продолжат да ги истражуваат информациите за потеклото на вирусот, односно дали епидемијата почнала преку контакт со заразени животни или е резултат на инцидент во лабораторија во Вухан.

    Ваквите изјави уследија откако Доналд Трамп и неговите соработници сугерираа дека вирусот потекнал од Институтот за вирологија во Вухан, кинескиот град каде што тој првпат беше идентификуван пред Нова година. Шефот на институтот ги отфрли ваквите обвинувања, а и научниците изразија сомнежи дека вирусот настанал во лабораторија.

    На светско ниво досега има повеќе од 3,3 милиони заразени, од кои над еден милион оздравеле, според податоците на универзитетот Џонс Хопкинс. Бројката починати изнесува над 230.000.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира