„Охрид трчаТ”, најголемата атлетска манифестација во Охрид, годинава наместо јуни, ќе се одржи на крајот на август. Организаторите им порачаа на учесниците дека ќе имаат и бесплатно капење во Охридското Езеро.
„Како што најавивме порано, поради општопознатите причини (КОВИД-19) ја одложуваме ‘Охрид трчаТ 2020” и ја презакажуваме за последниот викенд во август, 28-30. Одлуката за промена воопшто не беше лесна и искрено се надеваме дека успеавме да понудиме опција што е прифатлива за сите учесници”, соопштија организаторите.
Што се однесува до сите регистрирани тркачи досега, тие во следните 24 часа ќе бидат известени преку електронска пошта.
„Земете костим за капење! Оваа година имате гратис капење од нас”, се пошегуваа од „Охрид трчаТ“.
Д. ЧУБРИЌ