НАПЛАТАТА НА ДДВ ВО АПРИЛ НАМАЛЕНА ЗА 43% ВО ОДНОС НА ЛАНИ

    НАПЛАТАТА НА ДДВ ВО АПРИЛ НАМАЛЕНА ЗА 43% ВО ОДНОС НА ЛАНИНатфрлување има кај данокот на добивка, чија што наплата е реализирана со плус 3,6%. - Министерката за финансии Нина Ангеловска (Фото: Влада)

    Министерката за финансии Нина Ангеловска кажа дека буџетските приходи во април изнесуваат 14,2 милијарди денари и се намалени за околу 20% споредено со април минатата година поради корона-кризата, на денешната прес-конференција во Владата за реализацијата на буџетот.

    Како што кажа Ангеловска, најголем пад има кај приходите од наплата на ДДВ, и тоа 43%, потоа следуваат акцизите со пад од 40% и царините со пад 26%. Кај персоналниот данок има пад од 11,7%, додека придонесите се на исто ниво со април лани. Натфрлување има кај данокот на добивка, чија што наплата е реализирана со плус 3,6%

    „Во основното сценарио, поповолното, проектиравме дека ќе се оствари пад од 40% проценти на приходот од даноци, па може да се каже дека нашето разработено сценарио било попретпазливо“, изјави Ангеловска.

    Расходите, вели Ангеловска, се на исто ниво како април минатата година.

    Согласно бројките за април, но и вкупно за првите четири месеци од годината, Министерството за финансии направило коригирани проекции. Сега, проекцијата на Министерството за финансии е дека ќе ја завршиме годината со пад на БДП од 3,4%, а најголеми штети по економијата од корона-кризата се очекува да има во второто тромесечје, а веќе во четвртото се очекува закрепнување и позитивен резултат.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира