ИСЛАНД ГО ПОБЕДИ КОРОНАВИРУСОТ СО РИГОРОЗНИ ТЕСТИРАЊА И ДОБРА ПОДГОТВЕНОСТ

    ИСЛАНД ГО ПОБЕДИ КОРОНАВИРУСОТ СО РИГОРОЗНИ ТЕСТИРАЊА И ДОБРА ПОДГОТВЕНОСТИсланд управуваше со пандемијата без да воведе строги економски и социјални ограничувања (Фото: АП)

    Исланд денеска повторно ги отвори средните училишта, фризерските салони, стоматолошките ординации и други бизниси откако објави дека успеал да се справи со коронавирусот.

    Оваа островска земја има само 1.799 потврдени случаи на зараза и десет починати. Освен на малата популација од 360.000 жители, Исланд го должи својот успех во борбата со коронавирусот и на решителните акции на власта, која инсистираше на ригорозна политика на тестирање и на пронаоѓање изолирани случаи на зараза, дури и ако тие луѓе не покажувале симптоми.

    „Не очекував заздравувањето да се случи толку брзо“, изјави првиот исландски епидемиолог Торолфур Гуднасон.

    Овие мерки му помогнаа на Исланд да управува со пандемијата без да воведе строги економски и социјални ограничувања како повеќето европски земји. Заразените и оние со кои контактирале беа ставани во карантин, но на остатокот од населението не му беше наредено да седи дома, туку само да биде внимателно.

    Се верува дека коронавирусот бил донесен во Исланд од алпските скијачки центри, но земјата беше подготвена. Тамошните болници ги тестираа оние кои доаѓаа од странство еден месец пред да биде потврден првиот случај на коронавирус во земјата, а медиумите постојано рекламираа миење раце и социјално дистанцирање.

    „Секоја институција вклучена во одговорот на пандемијата од старт ја знаеше својата улога“, вели Гуднасон.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира