АДМИНИСТРАТИВЦИТЕ РАБОТАТ ПОМАЛКУ, ТРЕБА ДА ИМ СЕ НАМАЛИ ПЛАТАТА, ВЕЛИ МИНИСТЕРКАТА АНГЕЛОВСКА

    АДМИНИСТРАТИВЦИТЕ РАБОТАТ ПОМАЛКУ, ТРЕБА ДА ИМ СЕ НАМАЛИ ПЛАТАТА, ВЕЛИ МИНИСТЕРКАТА АНГЕЛОВСКАМинистерката за финансии Нина Ангеловска смета дека и административците треба да понесат дел од товарот на кризата, а не само работниците од приватниот сектор. (Фото: Влада)

    Министерката за финансии Нина Ангеловска кажа дека нејзин личен став е дека треба да се намалат платите на вработените во јавната администрација. Таа смета дека и тие треба да понесат дел од товарот на кризата, а не само работниците од приватниот сектор, но и онака тие работат помалку поради мерките за заштита од коронавирус.

    „Јас како министер за финансии и како човек кој смета дека сите треба да сносиме дел од товарот сметам дека треба да има намалување од аспект на состојбата во која се наоѓаме. Дел од товарот го носат работниците од приватниот сектор кои можеби имаат намалени плати или загубиле работа. Но, и ако имаме предвид дека со мерките ѝ се намалени работните активности на администрацијата, односно работа од дома преку еден, кои што се имплементираа. Од финансиски аспект, се спроведе едно кратење со реалокација на буџетски средства бидејќи треба да го помогнеме приватниот сектор. Тој сектор ги генерира овие даночни приходи за кои велиме дека се паднати за 31%, а од тие пари се исплаќаат платите на јавната администрација. Тоа е мој став, но Владата е колективен орган, носи заеднички одлуки“, кажа Ангеловска на денешната прес-конференција за реализацијата на буџетот во април, одговарајќи на новинарско прашање дали ќе има намалување на платите на јавната администрација.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира