ФРАНЦУСКА БОЛНИЦА ОТКРИЛА СЛУЧАЈ НА КОВИД-19 ОД ДЕКЕМВРИ

    ФРАНЦУСКА БОЛНИЦА ОТКРИЛА СЛУЧАЈ НА КОВИД-19 ОД ДЕКЕМВРИФранција ги потврди првите случаи на коронавирус на 24 јануари (Фото: ЕПА)

    Француска болница која повторно тестирала стари брисови од пациенти со пневмонија открила случај на коронавирус кој датира од 27 декември.

    Д-р Ив Коен, кој е шеф на одделот за интензивна нега во две болници во близина на Париз, изјави дека пациентот во 50-ти години немал идеја каде можел да го закачи вирусот бидејќи не бил во ниедна од погодените области. Тој во меѓувреме целосно оздравел.

    Ова значи дека коронавирусот бил присутен во Франција еден месец пред да бидат потврдени првите случаи. На 24 јануари позитивен тест имаа две лица кои биле во Вухан.

    Коен кажа дека неодамна повторно разгледувал досиеја на пациенти кои во декември и јануари биле примени во болница со симптоми на грип.

    „Повторно тестиравме брисови земени од носот на 14 пациенти во тоа време. Од нив, еден беше позитивен на коронавирус. Го тестиравме уште двапати за да бидеме сигурни дека не е грешка и повторно беше позитивен“, изјави Коен, додавајќи дека засега е прерано да се каже дали тоа е нултиот пациент во Франција.

    „Тој бил болен 15 дена и ги заразил и своите две деца, но не и сопругата“, кажа Коен.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира