КАЈ НАС ШТО СÈ НЕ СЛУШАМЕ ЗА ТУРЦИЈА ПРЕД ИЗБОРИ, КАЖА БОРИСОВ ЗА ИЗЈАВИТЕ НА МАКЕДОНСКИТЕ ПОЛИТИЧАРИ

    КАЈ НАС ШТО СÈ НЕ СЛУШАМЕ ЗА ТУРЦИЈА ПРЕД ИЗБОРИ, КАЖА БОРИСОВ ЗА ИЗЈАВИТЕ НА МАКЕДОНСКИТЕ ПОЛИТИЧАРИБугарскиот премиер Бојко Борисов на самитот ЕУ-Западен Балкан, кој поради пандемијата на коронавирус се одржа преку видеоконференциска врска. (Фото: Фејсбук)

    Бугарскиот премиер Бојко Борисов вели дека изјавите на македонските политичари во врска со Бугарија се очекувани пред избори, правејќи споредба со Бугарија и Турција.

    „Тоа е нивно право, ние не го коментираме. За време на наши предизборни кампањи какви ли не работи слушавме за Турција, но потоа добрососедството натежнуваше“, кажа Борисов на прес-конференцијата по самитот ЕУ-Западен Балкан, кој поради пандемијата на коронавирус се одржа преку видеоконференциска врска.

    За изјавата на македонскиот претседател Стево Пендаровски дека ако цената е да не бидеме Македонци и јазикот што го зборуваме, да не биде македонски јазик, тогаш не ни треба ЕУ, Борисов рече негов совет е да не се поставуваат невозможни услови.

    „Ние сме европска држава и работиме по европски терк, а тоа е да работиш според документи. И кога 27 држави ќе поддржат документ во кој спроведувањето на Договорот за добрососедство е наведено како услов, ние сме ја завршиле нашата дипломатска работа. Ако некој отстапи од тој документ, при секое поглавје Бугарија може да го блокира. Затоа, како што им реков, зависи од вас. Нашето пријателство и братство, кога требаше да им дадеме поддршка, го покажавме. Ние кажавме какви се нашите услови, за да бидат примени во Европската Унија. Тоа не е по желба, ако нешто не ти се допаѓа, никој не те кани. Немаме тема. Ги сакаме, ги поддржуваме, но мојот совет е да не си поставуваат невозможни услови“, вели Борисов.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира