На 20 февруари 2019 година, кога осомничениот во „Империја“ Орце Камчев ги направил приватните снимки во неговата куќа со торбата „Луј Витон“, првообвинетиот во „Рекет” Бојан Јовановски-Боки 13 сведочеше дека дента отишле со Зоран Милески кај Камчеви.
„Додека седев во дневната, го снема Милески, отиде во друга просторија. Го немаше половина час. Се врати со торбата која ја мафташе со леснотија, како да е празна. Затворена беше, не видов што има во неа. Не сум ја допрел торбата никако. Не постои допир. Не постои отисок мој на неа. Милески си ја зема таа лесна торба, ме остави кај моите родители, иако се мислев дали да одам на работа, и секој на своја страна си замина”, тврди Боки.
- АНА КАМЧЕВА МИ БАРАШЕ ПОМОШ КАКО ДА ГО ТРГНЕ ОРЦЕ ОД НАТАША САВОВА, СВЕДОЧИ БОКИ 13 НА „РЕКЕТ“
- ЗОРАН МИЛЕСКИ Е КЛАСИЧЕН АГЕНТ-ПРОВОКАТОР, ИМАШЕ ДОГОВОРЕНА ПРЕСУДА ЗА ДА СЕ МОНТИРА ИЗМИСЛЕНИОВ СЛУЧАЈ ВИЛМА, ТВРДИ БОКИ 13 НА „РЕКЕТ“
- „РЕКЕТ“ Е НАПРАВЕН ЗА ДА СЕ СПАСИ КАМЧЕВ, РУСКОВСКА МИ БАРАШЕ ДА ПРАЌАМ НОВИНАРИ КАЈ ЛУЃЕ ШТО Ѝ СЕ ОДВРАТНИ, КАЖА БОКИ 13 НА СУДЕЊЕТО
- СО СУДИИТЕ И ОБВИНИТЕЛИТЕ БЕВ ГОСТОПРИМЛИВ ВО ТЕЛЕВИЗИЈАТА, КАКО ШТО Е РЕД ВО ДОМАЌИНСКА КУЌА, ЈА ПОЧНА ОДБРАНАТА БОКИ 13 НА „РЕКЕТ“
„Тоа што правел Орце со Врховен за да донесе начелно правно мислење за да запрат истрагите во кои е и ‘Империја’, за тоа има докази и ако има обвинителство, ќе го истражи тоа. И уште нешто да кажам. Треба од хард дискот од камерата на Камчев да се извади снимката од 22 јануари, два дена откако Милески ја зел торбата, за да се види дека тој му ја вратил истата таа торба”, тврди Боки.
Потоа беше прашан и одговори дека заминал за Белград, па во Милано, но со свои и со пари на неговата пријателка, српската композиторка Марина Туцаковиќ.
На прашање дали гардеробата што истражителите му ја одзеле од домот во Орман е купена од ноември до април 2018 и 2019 година, тој одговори:
„И да сум Бетмен и Супермен заедно, не може толкава гардероба од 70 вреќи да купам за толку краток период. Најголемиот дел ми е стекнат во 2012 и 2013 година, од соработка со Версаче и како репрезент на парчиња пред да почне една модна сезона. Гардеробата ми е стекната или купена пред овој период. Дали 5 проценти од вреќите ми е од ноември до април 2019 година”, тврди Јовановски.
Одговори дека никогаш не бил повикан на идентификација на одземените количини облека, чевли, очила, часовници…
С. К. ДЕЛЕВСКА