Првообвинетиот во „Рекет” Бојан Јовановски-Боки 13 во продолжение на сведочењето кажа дека тој за ова обвинение знаел уште на 3 април, му кажал тогашниот премиер Зоран Заев.
„Сега ќе ви ја кажам целата конструкција на ова обвинение. Камчев ми кажа дека ангажирал адвокат близок со Вилма Русковска. Се тргуваше со овој случај, Катица Јанева беше уценета или ќе дадеш оставка или ќе се случи ова што се случува сега. На 3 април гостуваше Заев во телевизијата. По емисијата разговаравме во мојата канцеларија и Заев ми кажа дека и мене и Катица нè следеле странски служби. Ме уплаши и изманипулира дека странски обвинител имал сè за мене. Жал ми е што не се вештачи мојот мобилен да се види целата комуникација со Заев, но и со Оливер Спасовски кому му пријавив дека Орце ме снима“, кажа Боки 13.
- КАЈ КАМЧЕВ ИМА СНИМКА ДЕКА МИЛЕСКИ МУ ЈА ВРАЌА ТОРБАТА, ЈАС НЕ СУМ ЈА ДОПРЕЛ, ТВРДИ БОКИ 13
- АНА КАМЧЕВА МИ БАРАШЕ ПОМОШ КАКО ДА ГО ТРГНЕ ОРЦЕ ОД НАТАША САВОВА, СВЕДОЧИ БОКИ 13 НА „РЕКЕТ“
- ЗОРАН МИЛЕСКИ Е КЛАСИЧЕН АГЕНТ-ПРОВОКАТОР, ИМАШЕ ДОГОВОРЕНА ПРЕСУДА ЗА ДА СЕ МОНТИРА ИЗМИСЛЕНИОВ СЛУЧАЈ ВИЛМА, ТВРДИ БОКИ 13 НА „РЕКЕТ“
- „РЕКЕТ“ Е НАПРАВЕН ЗА ДА СЕ СПАСИ КАМЧЕВ, РУСКОВСКА МИ БАРАШЕ ДА ПРАЌАМ НОВИНАРИ КАЈ ЛУЃЕ ШТО Ѝ СЕ ОДВРАТНИ, КАЖА БОКИ 13 НА СУДЕЊЕТО
- СО СУДИИТЕ И ОБВИНИТЕЛИТЕ БЕВ ГОСТОПРИМЛИВ ВО ТЕЛЕВИЗИЈАТА, КАКО ШТО Е РЕД ВО ДОМАЌИНСКА КУЌА, ЈА ПОЧНА ОДБРАНАТА БОКИ 13 НА „РЕКЕТ“
„Случајот го пријавил Камчев и извесен Радивоје од Бугарија, кој го учел да снима. Зошто не го прифати судот Заев за сведок? Кај него пријавил Орце криминал. Зошто не отишол Орце кај Вилма? Која е улогата на директорот на УБК Горан Николовски кој само ја ислушал Ана Камчева наводно дека сум ги рекетирал, а не направил службена белешка? Овие сведоци судот не ми ги прифати”, забележа Јовановски.
Поради ова сум во притвор, рече тој. Се посомнева дека ќе допре несакајќи некоја од соголените жици од бојлерите во Шутка, или дека ќе се самоубие, како што рече, во кофа.
С. К. ДЕЛЕВСКА