Предистрагата за „Империја“ кај што првоосомничен е Јордан Камчев, почнала од неврзан разговор меѓу Дејан Панделески и Миле Јанакиески, за купувањето на земјиштето зад „Рамстор“. Обвинетата поранешна специјална обвинителка Катица Јанева одбраната на ова судење наречено „Рекет” ја гради на тоа како се водела истрагата за „Империја “, зашто е обвинета за злоупотреба на службената положба и овластувањата токму за овој случај на СЈО.
„Орце доаѓаше во СЈО, прашуваше дали е таргет. Ние му кажавме дека не е. Беше многу среќен. Но, не праша дали неговите миленички се таргет? Многу беше среќен кога во еден ден купи: банка, ЗИК Пелагонија и ‘Здравје-Радово’. Миленичките го прашуваат: ‘Па како ги купи?’ ‘Не сум сам!’ “, им вели Камчев”, сведочи Јанева.
„Колку знам јас за тие миленички, ехехе“, додаде Јанева.
„Лиле Стефанова, обвинителката која ја поведе „Империја“, за мене е врвен обвинител, професионалец, највреден и најпослушен. Ги прислушуваше претходно Миле и Гордана. Но, нема поискусен обвинител од неа за таков предмет да поведе. Таа водеше преку 24 предмети. Не беше привилегиран Орце Камчев. И не паѓавме во несвест од него, како некои”, сведочеше Јанева.
Натаму, Стефанова побарала посебни истражни мерки за Камчев.
„Судијката Весна Димишкова одобри. Но, до денеска не ми е јасно како знаел Камчев уште во август дека е на ПИ-мерки?”, се прашуваше Јанева.
„Знаел дека е прислушуван и ништо не зборувал. Но, Стефанова ми кажа дека собрала материјал за да отвори истрага. Ги нашла и слушнала од други”, сведочеше Јанева.
Потоа зборуваше од 8 ноември 2018 година, дента кога се отвори истрагата „Империја”. Кога упаднале во приватните домови на Камчев и на Ненад Јосифовиќ, се случило чудо. Сè било исчистено, доказите избришани, телефоните сменети.
„Но, заборавиле сè да скријат, па тоа што ни требаше, го најдовме во “Орка Холдинг”. Подоцна Камчев ми кажа дека мобилните му ги дал на осудениот Зоран Милески со задача да ги уништи”, рече Јанева.
Сведочењето нејзино продолжува.
С. К. ДЕЛЕВСКА