КАКО ЧОВЕК, СПАСОВСКИ Е ДЛАБОКО РАЗОЧАРАН ОД ТОА ШТО СЛУЧИ ВЧЕРА ВО СТРУГА

    КАКО ЧОВЕК, СПАСОВСКИ Е ДЛАБОКО РАЗОЧАРАН ОД ТОА ШТО СЛУЧИ ВЧЕРА ВО СТРУГАПремиерот Оливер Спасовски очекува сите надлежни институции да преземат мерки за санкционирање на организаторите, но и за оние кои не постапиле да се спречи една ваква организација. (Фото: СДК.МК)

    Премиерот Оливер Спасовски е длабоко разочаран од она што вчера се случи во Струга и рече дека станува збор за сериозна неодговорност кон здравјето на граѓаните, но и неодговорност кон државата. Спасовски денеска беше во посета на Пробиштип и беше прашан за вчерашната литија во Струга, каде што граѓани масовно се собраа, не држеа дистанца и не носеа маски.

    „Нема поголем приоритет, нема поголем интерес поединечен, на одредена група, на верска заедница, на политичка партија. Јас очекував дека навистина верските заедници ќе имаат поизразито чувство за животот и здравјето на граѓаните и сум длабоко разочаран од постапката која се направи вчера во Струга како човек“, рече Спасовски, одговарајќи на новинарско прашање.

    Спасовски очекува сите надлежни институции да преземат мерки за санкционирање на организаторите, но и за оние кои не постапиле да се спречи една ваква организација.

    „Очекувам и Јавното обвинителство и МВР да ги испитаат сите аспекти од овој настан и како што имавме и други настани во други места за непочитување на одлуката за не групирање повеќе од двајца да бидат преземени соодветни мерки“, рече Спасовски.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира