КРИВИЧНА ЗА КУМАНОВСКИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК ОТИ ПУШТИЛ КРСТОСНИЦА БЕЗ ДОЗВОЛА

a:2:{s:16:"td_post_template";s:22:"single_template_civica";s:9:"td_source";s:49:"Куманово,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    КРИВИЧНА ЗА КУМАНОВСКИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК ОТИ ПУШТИЛ КРСТОСНИЦА БЕЗ ДОЗВОЛА

    Градоначалникот на Куманово Зоран Дамјановски доби кривични пријави за злоупотреба на службена положба и овластување затоа што пуштил во употреба реконструирана крстосница без употребна дозвола, поради што имало 31 сообраќајка со три жртви. Дамјановски доби и кривична пријава за случај  за узурпирано државно земјиште.
    Според МВР, Дамјановски (60) во ноември 2008 година „ги пречекорил своите овластувања спротивно на Законот за градење и Законот за јавни патишта, при што одобрил и ја пуштил во употреба реконструираната крстосница во Куманово помеѓу булеварите Трета македонска ударна бригада, Октомвриска револиција и улицата Бранко Богдански – Гуцман, иако знаел и бил должен да знае дека за истото дејствие потребна е употребна дозвола. Поради горенаведеното од периодот на неофицијалното пуштање во употреба на крстосницата до денес се имаат случено 31 сообраќајна незгода во кои три лица го загубиле животот, шест лица се здобиле со тешки телесни повреди, 26 добиле телесни повреди, а вкупната причената материјална штета изнесува 1.455.000 денар“, стои во соопштението на МВР.
    Кривични пријави за злоупотреба на службата поднесени се и против раководителките на секторот за урбанизам Лидија Ланг Спасовска и за инспекциски надзор Верче Лазаревска.
    Во друг случај против Дамјановски поднесена е пријава и за узурпација на државно земјиште.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира