ЕВРОПСКАТА УНИЈА ПОСТЕПЕНО ЌЕ ГИ ОТВОРА ГРАНИЦИТЕ ЗА ДА СЕ СПАСИ ТУРИЗМОТ

    ЕВРОПСКАТА УНИЈА ПОСТЕПЕНО ЌЕ ГИ ОТВОРА ГРАНИЦИТЕ ЗА ДА СЕ СПАСИ ТУРИЗМОТЕвропската комисија предлага постепено укинување на забраната за патување, а потоа и на граничните контроли (Фото: Гети)

    Европската комисија предложи постепено отворање на границите на Европската Унија во обид да се поттикне туризмот, кој е тешко погоден од пандемијата на коронавирусот.

    „Нашата порака е дека ќе имаме туристичка сезона ова лето, макар и со безбедносни мерки и ограничувања“, изјави еврокомесарот за економски прашања Паоло Џентилони.

    Австрија и Германија се последните земји од ЕУ кои се согласија да ги укинат ограничувањата при патување. Од петок ќе има рутински контроли на граничните премини, а од 15 јуни ќе може слободно да се патува.

    Необврзувачкиот план што Европската комисија ќе им го испрати на сите 27 членки на Унијата предвидува постепено укинување на забраната за патување, а потоа и на граничните контроли. Земјите со слична здравствена ситуација ќе можат да работат заедно на укинувањето на границите и на продолжувањето на одредени ограничувања.

    Естонија, Литванија и Летонија од петок ќе се поврзат со „балтички балон“, кој ќе овозможи слободни патувања со железница, брод и авион меѓу овие три земји, без карантин.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира