Лице вработено како технички персонал во битолска градинка е позитивно на КОВИД-19, потврдија од Центарот за јавно здравје. Заболениот бил евидентиран со помош на скининг-тестирањето што се спроведува во Центарот за јавно здравје во Битола врз вработени во градинките.
Од Центарот за јавно здравје велат дека од 216 тестирани вработени во градинките во Битола, пристигнати се резултати за 111 лица, од кои само едно е заболено.
Како и за сите други заболени, и за овој случај, се преземаат сите мерки по протокол и се испитуваат контактите. Се очекуваат резултатите и за други лица вработени во градинките.
Вработениот од градинката е лицето заведено како нов заболен случај во денешниот билтен на Министерството за здравство. Тој е 26. пациент од Битола со КОВИД-19, а во моментот активни се седум случаи.
Ж. ЗДРАВКОВСКА