НЕ СЕ ТОЧНИ НАВОДИТЕ НА АНТИКОРУПЦИСКА ЗА ПРОДАЖБАТА НА ЗЕМЈИШТЕТО КАЈ „ХОЛИДЕЈ ИН“, ВЕЛАТ ОД МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ТРАНСПОРТ И ВРСКИ

    НЕ СЕ ТОЧНИ НАВОДИТЕ НА АНТИКОРУПЦИСКА ЗА ПРОДАЖБАТА НА ЗЕМЈИШТЕТО КАЈ „ХОЛИДЕЈ ИН“, ВЕЛАТ ОД МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ТРАНСПОРТ И ВРСКИ„Правобранителство даде позитивно мислење за отуѓување на конкретната градежна парцела кај Холидеј ин, што значи дека се исполнети сите услови од Законот за градежно земјиште“, велат од Министерството за транспорт и врски.(Фото: К.Попов)

    Нема ништо спорно во продажбата на парцелата кај „Холидеј ин“ и Државното правобранителство даде мислење дека таа може да се отуѓи, велат од Министерството за транспорт и врски откако од Антикорупциската комисија денеска соопштија дека утврдиле неправилности при водење на постапката.

    „Ги отфрламе сите обиди со кои се става сомнеж на постапката. Пред отуѓување на државното земјиште, Министерството за транспорт и врски изготви решение за отуѓување и го достави до Државното правобранителство. Правобранителство даде позитивно мислење за отуѓување на конкретната градежна парцела, што значи дека за отуѓување се исполнети сите услови од Законот за градежно земјиште“, велат од Министерството за транспорт и врски.

    Од таму објаснуваат дека според член 68 од Законот за градежно земјиште, градежното земјиште сопственост на државата се отуѓува со непосредна спогодба за оформување на градежна парцела предвидена со урбанистички план или урбанистичка планска документација, доколку лицето има во сопственост повеќе од 30 отсто од градежната парцела.

    Претседателката на Антикорупциската комисија Билјана Ивановска на денешната прес-конференција кажа дека го разгледувале и предметот за продажбата на градежното земјиште на паркингот кај „Холидеј ин“, заради наводи за неправилности при водење на постапката за денационализација на една од парцелите на овој потег. Таа кажа дека Министерството за транспорт и врски го продало земјиштето иако на сила бил мораториумот за градба.

    „Дел од ова земјиште што е продадено со површина од 625 квадратни метри е на семејство што започнало процес на денационализација во 2003 година, но поради измени на Законот за денационализација од декември 2010 година, се дозволува располагање со имот што е предмет на денационализација. Пред да биде оваа измена во Законот постоела апсолутна забрана за располагање со имот додека трае постапката. Затоа ќе побараме од Уставен суд да изврши оценка на член 64 од Закон за денационализација“, рече Ивановска.

    А. АНТЕВСКА

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира