ТРОЈЦА ПОЧИНАТИ, 30 НОВИ ПОЗИТИВНИ НА КОВИД-19 ОД 426 ТЕСТИРАЊА

    ТРОЈЦА ПОЧИНАТИ, 30 НОВИ ПОЗИТИВНИ НА КОВИД-19 ОД 426 ТЕСТИРАЊАОд вкупно 247 здравствени работници заразени со КОВИД-19, 226 се оздравени, т. е., 91% од здравствените работници позитивни на коронавирус се оздравени, вели Министерството за здравство. (Фото: К. Попов)

    Тројца пациенти починаа на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје, објави министерот за здравство Венко Филипче. Станува збор за пациент од Велес (58 години) примен на 12 мај, пациент од Тетово (57 години) лекуван на Клиниката од 22 април и уште еден пациент од Тетово (78 години) хоспитализиран на 11 мај.

    Во изминатите 24 часа направени се 426 тестирања, а регистрирани се 30 нови случаи на КОВИД-19. Од нив во Скопје-11, Куманово-2, Штип-1, Прилеп-3, Тетово-6, Велес-5, Битола-1, Охрид-1. Досега во земјата се направени вкупно 21.436 тестирања на КОВИД-19.

    Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 26 оздравени пациенти, и тоа во:
    – Скопје 1
    – Куманово 14
    – Прилеп 4
    – Тетово 3
    – Велес 4

    Во земјава вкупно ковид дијагностицирани се 1.792 лица, оздравени пациенти се 1.293, починати се 101, а активни случаи се 398.

    Од вкупно 247 здравствени работници заразени со КОВИД-19, 226 се оздравени, т. е., 91% од здравствените работници позитивни на коронавирус се оздравени, вели Министерството за здравство.

    Владата одлучи за месеците април и мај да им даде 20 отсто поголеми плати преку домашната платежна картичка на лекарите и на медицинскиот персонал на Инфективната клиника и Инфективните одделенија во болниците, како и на тие од Институтот за јавно здравје и Центрите за јавно здравје, заедно со екипите од Брзата помош, соопшти денеска премиерот Оливер Спасовски.

    Б. НЕСТОРОСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира