КУКЛИ ЗА СЕКС НА ПРАЗНИ ТРИБИНИ, КЛУБОТ МОРАШЕ ДА СЕ ИЗВИНИ

    КУКЛИ ЗА СЕКС НА ПРАЗНИ ТРИБИНИ, КЛУБОТ МОРАШЕ ДА СЕ ИЗВИНИОд клубот признаа дека куклите ги добиле од компанија која произведува играчки за секс (Фото: АП)

    Корејскиот фудбалски клуб Сеул се извини откако се откри дека поставил кукли за секс на празните трибини на својот стадион за вчерашниот првенствен натпревар.

    Од клубот првично инсистираа дека станува збор за обични кукли, за потоа да признаат дека ги добиле од компанија која произведува играчки за секс. Некои од куклите носеа реклами за интернет страници за возрасни, иако порнографијата е забранета во Јужна Кореја.

    Корејското фудбалско првенство продолжи на 8 мај, но без гледачи и така ќе остане сѐ додека ризикот од зараза со коронавирусот не биде значително намален. Место гледачи, клубовите ги пополнуваат трибините со банери, картонски навивачи и кукли.

    Пред мечот со Гвангџу, компанијата „Далком“ му понудила на Сеул да пополни дел од празните седишта со кукли, испраќајќи му 25 женски и пет машки. Фановите кои го гледале мечот онлајн реагирале дека тие личат на кукли за секс, по што клубот се извини.

    „Куклите изгледаа многу реално, многу човечки, воопшто не помисливме дека служат за секс“, кажаа од клубот.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира