Легендата на порнофилмовите Рон Џереми ја повика јавноста да му помогне да го спаси дрвото што го посадил татко му.
Дрвото се наоѓа покрај булевар во њујоршката област Квинс и Џереми тврди дека е посадено на денот кога се родил, 12 март 1953 година.
„Помогнете ми да го спасам моето дрво! Ова дрво е посадено од татко ми на денот кога сум роден. Не му дозволувајте на ‘Кон Едисон‘ да го исече“, напиша Џереми на Твитер.
„Кон Едисон“, една од најголемите енергетски компании во САД, вели дека дрвото се наоѓа на јавно земјиште и дека претставува опасност за околните електрични линии.
„Се грижев за тоа дрво цел живот. Се обидоа да го исечат пред многу години, но не им дозволив и дури се врзав за него“, вели Џереми.