ПРИВАТНИТЕ ЛЕКАРИ БАРААТ ДА БИДАТ ВРЕДНУВАНИ ИСТО КАКО ЈАВНОТО ЗДРАВСТВО ВО БОРБАТА ПРОТИВ КОВИД-19

    ПРИВАТНИТЕ ЛЕКАРИ БАРААТ ДА БИДАТ ВРЕДНУВАНИ ИСТО КАКО ЈАВНОТО ЗДРАВСТВО ВО БОРБАТА ПРОТИВ КОВИД-19Не бараме награда, бараме еднаква динамика на плаќање на капитацијата со јавното здравство, месец за месец и да се израмниме со колегите од јавното здравство, вели претседателката на Здружението на приватни лекари д-р Лили Чолакова-Дервишова. (Фото: СДК.МК)

    Приватните лекари очекуваат и нивниот труд во справувањето со заразата од КОВИД-19 да биде вреднуван. Објаснуваат дека не сакаат награда како лекарите од јавното здравство која им ја додели Владата, туку редовна исплата на капитацијата. Пред некој ден ја добиле капитацијата за месец февруари, кажа денеска претседателката на Здружението на приватни лекари  д-р Лили Чолакова-Дервишова.

    „Ја поздравуваме одлуката за награда за докторите од Инфективните клиники, инфективните одделенија и докторите од Итната помош, но не заборавајте на нас. Да потсетиме дека товарот од изминатиот период во справувањето со заштита од КОВИД-19 го понесоа и матичните доктори. Затоа не бараме награда, бараме еднаква динамика на плаќање со јавното здравство, месец за месец и да се израмниме со колегите од јавното здравство“, рече д-р Чолакова-Дервишова.

    Почетоците на доцнењето на исплатата на капитацијата, која сега доцни 67 дена, започнала уште со воведувањето на приватното здравство во 1992, кога се задоцнило пет месеци. Таа додаде дека приватните лекари, околу 1.600 во земјава, сами си купиле опрема за заштита, маски, скафандери и дезинфициенси, се што е потребно за нивна заштита и заштита на пациентите во борбата со коронавирусот.

    П. ПЕЧКОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира