Доналд Трамп вели дека е чест тоа што САД имаат најмногу потврдени случаи на коронавирус на светот.
„На тоа гледам со одреден респект, како нешто добро. Тоа кажува дека ние имаме подобри тестирања од останатите“, изјави Трамп.
Според податоците на Универзитетот Џонс Хопкинс, во САД досега има 1,5 милиони случаи на коронавирус, а починале речиси 92.000 луѓе. Далеку на второто место е Русија со 300.000 случаи.
„Кога ќе кажат дека имаме најмногу случаи на коронавирус, тоа е зашто правиме најмногу тестови. Така што, тоа е добра работа и кажува дека нашите тестирања се подобри. Тое е еден вид чест“, кажа Трамп.
Според Центрите за контрола на болести, во САД до вчера биле направени 12,6 милиони тестови на коронавирус, а само минатата недела, меѓу 300.000 и 400.000 тестови дневно.