4 ЛИЦА ПОЧИНАА ОД КОВИД-19, 19 НОВИ СЛУЧАИ ОД 512 ТЕСТОВИ

    4 ЛИЦА ПОЧИНАА ОД КОВИД-19, 19 НОВИ СЛУЧАИ ОД 512 ТЕСТОВИВо Градската општа болница „8 Септември“ починаа тројца, а на Инфективна клинка едно лице. (Фото: К. Попов)

    Од КОВИД-19 во Градската општа болница „8 Септември“ починаа пациентка од Скопје (65 години) примена на 11 мај, пациент од Скопје (71 години), хоспитализиран на 16 мај и пациент од Тетово (73 години) во болница од 11 мај. На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби почина пациент од Прилеп (41 години) кој повеќе од 40 дена се лекувал на клиниката, објави министерот за здравство Венко Филипче на Фејсбук.

    Во изминатите 24 часа направени се 512 тестирања, а регистрирани се 19 нови случаи на КОВИД-19 и тоа во: Скопје-11, Куманово-2, Прилеп-1, Тетово-1, Велес-1, Гостивар-1, Струмица-1 и Виница-1. Досега во земјата се направени вкупно 22.767 тестирања на КОВИД -19.

    Од вкупниот број направени тестови во изминатото деноноќие 223 теста се во рамките на скринингот во градинки и нема позитивни. Од досега направените 1.131 тестирања на вработените во градинките потврден е само еден позитивен случај на КОВИД-19 во Битола.

    Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 16 оздравени пациенти.

    – Скопје 7
    – Куманово 1
    – Тетово 3
    – Велес 1
    – Кочани 1
    – Неготино 3

    Вкупно ковид дијагностицирани во нашата земја се 1.858 лица, од кои оздравени се 1.367, починати се 110, а активни се 381.

    Б. НЕСТОРОСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира