Шекспировиот Глоб театар побара итна финансиска помош со цел да избегне банкрот поради уништувачките ефекти на пандемијата на коронавирусот.
Култниот лондонски театар не работи од 20 март и ги предупреди пратениците во британскиот парламент дека „е критично ранет и се соочува со затворање“. Оттаму кажаа дека им се потребни најмалку пет милиони фунти за да можат да функционираат.
„Ако итно не добиеме средства, ќе ги потрошиме нашите последни резерви и ќе стане несолвентни. Ситуацијата финансиски нѐ уништи и дури би можела да доведе до наше целосно затворање“, соопшти театарот.
Театарот не добива годишни средства од Националниот совет за култура на Англија и во најголем дел се финансира од продадени билети, туристички тури и работилници. Во Глоб имаат играно низа актерски ѕвезди, како Ијан Мекелен, Кристофер Пламер, Џуди Денч и Реиф Фајнс. Тој има гостувано во Скопје и Битола во 2014 година, во рамките на својата двегодишна светска турнеја.