НА ПАКИСТАНСКИОТ АВИОН СО 107 ЛУЃЕ МУ ОТПАДНАЛ МОТОР ПРЕД ДА СЕ УРНЕ КАЈ КАРАЧИ, НЕМА ПРЕЖИВЕАНИ

    НА ПАКИСТАНСКИОТ АВИОН СО 107 ЛУЃЕ МУ ОТПАДНАЛ МОТОР ПРЕД ДА СЕ УРНЕ КАЈ КАРАЧИ, НЕМА ПРЕЖИВЕАНИАвионот паднал во густо населена населба на Карачи, уништувајќи најмалку шест куќи (Фото: АП)

    Сите 107 луѓе кои биле во пакистанскиот авион што денеска се урна пред слетувањето на аеродромот во Карачи се мртви, објави градоначалникот на Карачи.

    Авионот „ербас А320“ на Пакистанскиот национален авиопревозник (ПИА), во кој имало 99 патници и осум членови на екипажот, паднал во густо населена населба на Карачи, 3,2 километра североисточно од меѓународниот аеродром „Џина“. Тој летал на домашна релација од Лахоре.

    Цивилните воздухопловни власти известија дека неколку минути пред уривањето, пилотот пријавил дека отпаднал еден од моторите на авионот, по што воздушната контрола го информирала дека двете писти на аеродромот се зафатени. Еден од локалните жители изјави дека видел како авионот прави најмалку три круга обидувајќи се да слета, по што во падот удрил во неколку куќи.

    Градоначалникот на Карачи, Васим Ахтар, изјави дека се уништени најмалку шест куќи, но не можеше да каже дали има жртви меѓу жителите на оваа густо населена и сиромашна област.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира