Најдобриот македонски автомобилист Игор Стефановски-Иџе возеше по празните улици на Скопје додека е на сила полицискиот час и на свој начин им даде поддршка на сите оние кои се борат против коронавирусот.
Иџе околу 18 часот тргна со своето тркачко возило од Лисиче, а кога стигна до Порта Македонија, му дадоа знаме, по што продолжи да вози држејќи го во една рака.
„Ова се мигови кои не би сакал никогаш да се повторат. Токму затоа треба мудро да се вратиме во секојдневието. Медицинските лица, полицијата, војската и сите наши сограѓани кои се нашите херои во овој период придонесоа полека, но сигурно да излеземе од оваа битка како победници. Ова возење е во нивна чест“, напиша Иџе на Фејсбук.