Потпретседателот на СДСМ Мухамед Зекири е позитивен на КОВИД-19. Зекири денеска на својот фејсбук профил објави дека позитивни на коронавирус се и неговата сопруга и тримесечната ќерка.
„И покрај тоа што имав минимален број на контакти, тестот покажа дека јас и моето семејство сме позитивни на КОВИД-19. Немам никакви симптоми. Жалам и се извинувам на сите со кои имав контакти изминативе неколку дена и можеби ненамерно ќе ги доведам во изолација“, напиша Зекири на Фејсбук.
Во четвртокот, Зекири беше гостин во отвореното студио на Телевизија 24 заедно со генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Игор Јанушев.
Денеска во земјава регистрирани се 62 нови случаи на КОВИД-19, починаа 2 лица.
А. АНТЕВСКА