РЕДИЦИ ПРЕД ГРАД СКОПЈЕ ЗА СУБВЕНЦИИ ЗА ВЕЛОСИПЕДИ

    РЕДИЦИ ПРЕД ГРАД СКОПЈЕ ЗА СУБВЕНЦИИ ЗА ВЕЛОСИПЕДИОд кабинетот на градоначалникот Петре Шилегов велат дека се почитуваат мерките за држење растојание и затоа редицата е толку голема. (Фото: СДК.МК)

    Редици граѓани има денеска пред бараките на Град Скопје, откако беше објавен огласот за субвенции за велосипеди и тротинети. Од кабинетот на градоначалникот Петре Шилегов велат дека се почитуваат мерките за држење растојание и затоа редицата е толку голема.

    Субвенциите се 50 отсто од вредноста на велосипедот, но не повеќе од 3.000 денари по лице, со вклучен персонален данок на доход, и 30 отсто од вредноста на електричниот тротинет, но не повеќе од 7.000 денари по лице. Новитет оваа година е што ќе може да се доставуваат фискални сметки за купен велосипед или електричен тротинет од први јануари годинава.

    Во буџетот на Град Скопје за 2020 за оваа намена се предвидени 10 милиони денари од кои 8,5 милиони денари ќе бидат наменети за велосипеди, а 1,5 милион денари за електрични тротинети. Пари ќе има за субвенции за околу 2.800 велосипеди и околу 215 електрични тротинети.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира