76 СЛУЧАИ НА КОВИД-19 ДЕНЕС, 52 СЕ ОД СКОПЈЕ, СПОРЕД НОВИТЕ ПОДАТОЦИ НА МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ЗДРАВСТВО

    76 СЛУЧАИ НА КОВИД-19 ДЕНЕС, 52 СЕ ОД СКОПЈЕ, СПОРЕД НОВИТЕ ПОДАТОЦИ НА МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ЗДРАВСТВООд новите 76 случаи, 52 се од Скопје, 14 од Тетово 14, во Куманово, Велес и Гостивар има по два случаи, а по еден во Штип, Кочани, Пробиштип и Кратово.(Фото: К.Попов)

    Во последните 24 часа дијагностицирани се 76 случаи со КОВИД-19 од направени 885 тестирања. Оваа е нова бројка која попладнево ја објави Министерството за здравство откако претходно денеска министерот Венко Филипче на прес-конференцијата кажа дека денес има 67 случаи, но напомена дека во текот на денот ќе биде соопштена точната статистика.

    Од новите 76 случаи, 52 се од Скопје, 14 од Тетово 14, во Куманово, Велес и Гостивар има по два случаи, а по еден во Штип, Кочани, Пробиштип и Кратово.

    Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 26 оздравени пациенти, во Скопје 12, Куманово 2, Тетово 11 и Гостивар 1.

    „Во ГОБ ‘8 септември’ почина пациентка од Струга (56г) примена во болницата на 21 мај како сомнителна на ковид, потврдена позитивна по прием во болница“, велат од Министерството за здравство.

    Досега во земјата се направени вкупно 31. 187 тестирања на КОВИД -19. Од вкупниот број направени тестови во изминатото деноноќие 127 теста се во рамките на скринингот. Тестовите се направени во градинки во Скопје и геронтолошки установи и не се потврдени позитивни случаи.

    Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 2.391, бројката на оздравени пациенти е 1.595, на починати е 141, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 655.

    .

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира